Ke се гради нова автобуската станица во Охрид

На локацијата на постојната привремена автобуска станица во Охрид, приватен инвеститор ќе треба да изгради нова, со терминална зграда која ќе има приземје, четири ката и поткровје.
Локалната самоуправа објави оглас за продажба на градежната парцела со површина од 11.997 метри квадратни, а според деталниот урбанистички план, 70% од површината на идниот објект ќе биде наменета за автобускиот терминал, додека 30% се предвидени за компатибилни класи на намена. Вкупната површина на охридската автобуска станица ќе изнесува 58.367 метри квадратни.

Заинтересираните компании е неопходно да достават банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 100.000 евра, а по завршувањето на лицитацијата е потребно да се поднесе и банкарска гаранција за изградба на објектот во износ од 100.000 евра. Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела изнесува 3.170 денари за метар квадратен. Компаниите треба да ги достават пријавите за учество најдоцна до 8 април, додека истата ќе се одржи на 15 април. Реализацијата на долгонајавуваната автобуска станица во Охрид ќе го реши проблемот со субстандардните услови на функционирање на постоечкиот објект на претпријатието „Галеб“, кој всушност се состои од привремени монтажни градби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *