maska korona kovid

Утре ќе се одлучува за новите Ковид- мерки

И наредниот период дома не смее да ви дојдат повеќе од четворица гости. Иако има олабавување на дел од мерките за справување со Ковид-19 останува на сила забраната за семејни прослави, родендени, слави и домашни забави, информираа од министерството за здравство.

Утринава Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да се укине задолжителното носење маски на отворено. Ова ќе стапи на сила утре попладне откако ќе биде објавено во Службен весник, но претходно одлуката треба да биде усвоена на владина седница закажана за напладне.

Маските остануваат задожителни во јавниот превоз, во такси возилата и во сите затворени простории.

– Маската е добар механизам. Се тргнува и забраната за групирање. Меѓутоа, добро е да се има предвид, да се има при рака, ако има групирање макар и надвор иако е топло, да може да користи. Истото тоа важи и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме сега стабилна ситуација меѓутоа навистина никој не може да предвиди не само ние, туку каде било во светот како понатаму ќе се одвива понатаму епидемијата. Ние ги пратиме сите трендови кај нас во околните земји и така согласно тоа ги даваме препораките, изјави министерот за здарвство Венко Филипче.

Кризниот штаб даде зелено светло и за организирањето на свадби и други прослави на отворено до 100 гости, на една маса во угостителските објекти наместо четворица  да седат шест лица. На спортските натпревари да се дозволи публика до 30 проценти од капацитетот на стадионот, но треба да седат преку три седишта.

Полицискиот час од полноќ до 4 наутро останува на сила до 15 јуни. Дури потоа ќе се одлучува за евентуално укинување на оваа мерка информираат од министерството за здравство.