Поранешен кандидат за градоначалник на Охрид доби кривична за марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешен кандидат за градоначалник на Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од СВР велат дека при претрес во станот каде престојувал осомничениот во Охрид, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис.

Инаку Република Македонија подолго време чека легализација на марихуаната, а додека ја чекаме се апсат оние кај кои ќе се пронајде истата.