Честит 24 јуни-денот на заедницата на Египќаните

И покрај историскиот процес на етничка афирмација во мозаикот на етнички идентитети во Балканот, борбата за малцински права и слободи на египќаните сеуште трае.

На  24 јуни 1990 година во Охрид за прв пат се одржа Основачкото собрание на Здружението на Египќаните во СФР Југославија а со тоа започна и процесот на организирање на припадниците на оваа заедница на Балканот во општествено – политички организации, заради барање и реализација на нивните права. За прв претседател на беше избран Назми Арифи.

Професорот и Доктор по етнологија – Рубин Земон е првиот човек од редот на истакнати египќани во Македонија и Балканот , кој прв седна на собраниското столче како член на партијата ПОЕН во 2019 год, истакнувајќи го својот идентитет како – Египќанец и борејќи се за малцински права и културен идентитет на заедниците. Неговата Листа на активности по=врзани со борба за културен идентитет на египќаните и нивна социјална кохезија е навистина долга, од медиумски интервјуа, монографии, учество во разни комисии па се до издадена литература. Балканскиот етнички феникс е последната објавена книга каде тој се потпишува како автор-Книгата е во вид на монографија за заедницата на Балканските Египќани.

Египќаните во Охрид и борбата за етнички идентитет

На локалните избори во Охрид 2017 год. египќаните од Охрид за помалку од 24 часа ги собраа потребните потписи за да ја достават до ДИК нивната независна листа со кандидати за советници чиј носител беше Арбен Демироски – Бено, познат уште како претседател на Здружението на египќани, сопственик на медиум и борец за правата и слободите н египќаните во западниот дел на Македонија. Меѓутоа по некоја игра на судбината , листата на египќаните беше повлечена и Бесим Демиров , еден од членовите на листата за советници (студент на техничкиот факултет- Битола) со целосна поддршка на организацијата на египќаните се најде на шестата (добитна) комбинација на листата на советници на СДСМ, и истата партија ја поддржа и на следниот реизбор на градоначалник во април 2018 год. по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.

Со истакнувањето на првиот советник -египќанец во општина Охрид се крши мразот на несигурност,страв и постојан молк за проблемите без решенија, одговарање на потребите на оваа малцинска група од социјална и економска природа , како и решавање и помагаање на египќаните во нивните секојдневни административно-технички работи.

По овие локални избори животот на египќаните во Охрид повеќе не е истиот. “Се случи историски пресврт на настаните, почна да се испишува една поинаква историја од онаа на која повеќето охриѓани се беа навикнале да гледаат, бидејќи пракса беше во египќаните отсекогаш да се гледа само како на помошен персонал ” – соопштува Бесим Демиров.

Со силна поддшка на градоначалникот и советот денеска египќаните имаат членови во разни комисии, по еден член во Управните и во надзорните одбори на градските Јавни претпријатија, членови и претсетадели во месните и урбаните заедници, потоа активно функционира култирно-уметничко друштво на египќаните за фолклорно-етнички идентитет КУД-Пирамида , во однос пак на спортот египќаните имаат и свој фудбалски клуб – Пирамида ЗЕМ чиј главен спонзор е Арбен Демироски- Бено и неговата продукциска куќа.

Денеска египќаните живеат и дишат заедно со останатиот дел од градот, без предрасуди и без поголеми изрази на дискриминација по етнички основ. Бројот на вработени египќани од 2017 до 2020 година е зголемен за дури 25-30% како што укажуваат статистичките податоци на здружението Пирамида, и тоа не само во јавниот туку и во приватниот сектор.

Последните активности на египќаните за кои сме слушнале е пописот на население кое пред 2 месеци се откажа. Со самата најава за попис , сите здруженија на египќани во државава почнаа со полна пареа да се состануваат , да изнаоѓаат начин за нивно масовно изјаснување на етнички идентитет и работење за истата кауза пријавувајќи се во голем број како реонски попишувачи и инструктори, за да не се прават манипулации и пописни измами кај египќаните како што било тоа пракса и на претходните пописи. Во меѓувреме Продолжува борбата за остварување на правата, продолжува битката по изјаснување и признавање на идентитетот на египќанската етничка заедница која живее и работи во Балканскиот простор и поконкретно во Држвава, со надеж дека еден дењн целиот труд кои генерации египќани го вложиле за афирмација на етничкиот идентитет – ќе се исплати.

Нека е честит денот на египќаните !