(ВИДЕО) Кекеновски: Онака како што и замина Груевски ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните

Се плашиме дека по изборите, ќе ни се преслика здравствената ситуацијата од Србија, порача од општина Ѓорче Петров носителот на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, Јове Кекеновски.

„Неспособниот технички министер, познат по пиши-бриши уредбите, на сметка на мртвите и жртвите се пуштил во ловење гласови. Ветува брда и долини, а не гледа дека бројот на зарзени постојно расте“, посочи Кекеновски.

Според него, иста како несовесниот технички премиер е и министерката за правда.

„Нејзините пратиски колеги и функционери му овозможија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела“, рече претставникот на коалицијата.

Кекеновски пред граѓните се обврза дека доколку коалицијата стане дела од законодаваната и извршната власт, во рок од 90 дена ќе го врати Груевски.

„Онака како што и замина, така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните“, кажа тој.

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ смета и дека уставните судии се срам за државата и затоа бара нивна оставка.

На крајот од своето обраќање во Ѓорче Петров, Кекеновски рече дека претставниците од коалицијата како дел од извршната власт би имале максимална соработка со единиците на локалната самоуправа, без разлика на нивната партиска припадност.

„Ниту еден проект, ниту еден закон кој се однесува до ЛС, не ќе смее да биде донесен без претходно тој да биде консултиран од страна на нашите пратеници со базата од која се избрани“, порача Кекеновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *