Се сечат дрвата на „Партизанска“

На улицата Партизанска ( која од утрово е затворена за сообраќај ) во центарот на Охрид утрово започна најавеното сечење на дрворедите со липи . Дрвата ги сечат екипи на ЈП Охридски Комуналец, а според планот на нивно место ќе бидат засадени нови дрва, идентични со оние на улицата Димитар Влахов.

Од Локаланта објаснуваат дека липите биле стари, дотраени, а некои од нив заради трулост биле и опасни за минувачите, додека граѓаните пак како и секогаш во вакви ситуации сосема очекувано негативно реагираат на сечењето на дрвата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *