Денес во 19:00 часот ЗАПОЧНУВА ПРОГРАМАТА ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ

Денес во 19:00 часот започнува официјало празничната програма што по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква “Богојавление“.
Годинава празничната програма ќе се реализира во пет дена. Вечерва 19:00 часот во Центарот за Култура “Григор Прличев“ целовечерен концерт ќе одржат Културно уметничките друштва: “Гердан“,“Илинден“, “Охриѓанка“, “Плетенка“, “Филиграни“ и “Отекс“.

Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на  пунктовите од  Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот за култура да донираат одредени  парични средства  кои  ќе биде наменет за добротворни цели.
Влезот за концертот е слободен  и во негови рамки играорците ќе ги одиграат познатите охридски сплетови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *