ДОДЕЛЕНИ ПОФАЛНИЦИ ЗА НАЈУБАВО УКРАСЕНИ НОВГОДИШНИ ДВОРОВИ

Денеска во просториите на Општина Охрид, беа доделени наградите за најубав новогодишно украсен двор. Првото место и наградата од шест илјади денари и припадна на Славка Маркулева од Охрид. Второто место им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда ја освои Аце Ѓурчиноски.

На најуспешните граѓани во украсувањето на своите домови, пофалниците им ги врачи секретарот на Општина Охрид, Димиитар Спасески, кој изрази уверување дека ваквата акција придонесува кон разубавување на Охрид и збогатување на празничната атмосфера.
Комисијата која ја спроведе акцијата истакна дека и оваа година имало силна конкуренција, а сите наградени отскокнуваат со својата инвентивност и креативност во украсувањето на домовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *