Кире Лазаров и друштвото одбиле да се качат во автобусот со кратенката БЈР

Кире Лазаров и друштвото одбиле да се качат во таков автобус и направиле притисок врз домаќините да ја исправат својата постапка. Не сакајќи првенството да им почне со скандал, Катарците се повинувале на нашето ултимативно барање, бргу се снашле и со хартија и селотејп ги прекриле спорните букви на автобусот.
Се оттука, ќе биде чист луксуз за македонската репрезентација. 
Во наредниот период, таа ќе престојува во хотелското здание “Мериот Ренесанс”, кое, без сомнение, секого би оставило без здив, а нешто слично може да се каже и за салата “Лусаил”, во која вчера го одржа и првиот тренинг. 
Во меѓувреме, ракометарите ќе мора да се навикнат на температурната разлика, бидејќи Доха, сепак, е среде пустина, па и зимите се, за нас, невообичаено, пролетно топли. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *