СЕ САНИРААТ ШТЕТИТЕ ОД СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ

Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици информираат дека започна реализирањето на планот за санирање на штетите од снежното невреме што ја зафати и територијата на општина Охрид.

Во акцијата најпрво ќе бидат отсранети паднатите и целосно уништени електрични столбови и кабли кои ќе бидат заменети со нови или ќе се репарираат.Во вториот дел од акцијата ќе бидат заменувани прегорените електрични светилки и ќе бидат отстранувани други дефекти на уличното осветлување.

Поради поголема ефикасност во реализацијата на планот за санирање на последиците од снежното невреме, од Секторот за комунален развој апелираат до граѓаните навреме да ги пријавуваат настанатите штети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *