УСВОЕНА ОДЛУКАТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ФИСКАЛНА СТРАТЕГИЈА И РАЗВОНИ ПРОГРАМИ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2015 ГОДИНА

Советот на општина Охрид на денешната седница ја усвои одлука за изработка на нацрт фискална стратегија и развојни програми за 2015 година. Усвоените развојни програми ги одразуваат потребите на граѓаните на Охрид, односно суштиснките, есенциалните и приоритетни потреби на градот.

– Јас лично сметам дека програмите се квалитетно изработени и ги одразуваат потребите на граѓаните. Понатака следува процес на јавна расправа каде што се вклучуваат сите субјекти на градот во креирање на дефинитивната верзија на програмите, изјави градоначалникот Бакрачески, кој додаде дека сите граѓани и субјекти од градот можат да се вклучат со свои  предлози за одредени дополнувања, измени и сугестии во расправата за овие програми која ќе трае 15 дена и некаде пред крај на годината ќе бидат донесени дефинитивните верзии на развојните програми и буџетот на општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *