ПРОДОЛЖЕН РОКОТ НА ОГЛАСОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

Поради зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид, рокот, на огласот  за субвенционирање на комуналните трошоци кој го објави градоначалникот Бакрачески, е продолжен. Заинтересираните граѓани барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година.

Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600,оо денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно субвенцијата.

Барателот на субвенција мора да е корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош или невработен подолго од 12 месеци. Доколку корисникот е во брак, тогаш неговиот брачен другар да е невработен. Исто така право на субвенционирање имаат  и лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или челен на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.

Подносителите на барањето за субвенционирање треба да се државјани на Република Македонија и да се жители на општина Охрид.
Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават во затворен коверт, лично во архивата општина Охрид или по пошта на адреса ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака за  „ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *