Наградна игра на Охридска банка

По повод 150 годишнината на Сосиете Женерал Групацијата, Охридска банка организира наградна игра за сите корисници на MasterCard платежни картички, со главна награда патување во Париз.

Сите корисници на Maestro, MasterCard Standard револвинг кредитна картичка и MasterCard Gold кредитна картичка од Охридска банка кои во периодот од 24.11.2014 до 31.12.2014 година ќе реализираат најмалку 15 трансакции од по минимум 150 денари, стануваат потенцијални добитници на една од вредните награди.

Главната награда е патување  во Париз со три ноќевања за двајца. Покрај главната награда ќе бидат доделени два вредносни ваучери за викенд во Банско за двајца и три вредносни ваучери за викенд во Берово за двајца.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на MasterCard картичките од Охридска банка кои во периодот на траење на наградната игра ќе ги исполнат условите за учество. Трансакциите треба да бидат реализирани на ПОС терминал во било кое продажно место во земјата или со електронско плаќање преку интернет на македонски веб портали.

Правилата за наградната игра се објавени на официјалната интернет страница на Охридска банка АД Скопје.

Извлекувањето ќе се одржи на 12.01.2015 година, а резултатите ќе бидат објавени на официјалната интернет страница на банката најдоцна во рок од три дена од денот на завршување на истото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.