ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПРВ ДОНИРАШЕ ВО РАМКИ НА АКЦИЈАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

По повод 16-ти октомври светскиот ден за борба против гладта и по повод  одбележувањето  на “Неделата за борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Општината и Советот   со купување  прехранбени производи  се вклучија во акцијата “Донирај “ што Локалната  по втор пат  ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства  од градов.

Со денешното  купување производи кои се наменети за помош на социјално најзагрозените семејства,  на симболичен начин  ги повикувам  граѓаните да се вклучат во големата  хуманитарна акција која ја реализираме по повод “Неделата за борба против гладта“ . Денес упатувам апел до сите хумани луѓе, физички и правни субјекти секој во рамки на своите можности да се вклучи во оваа хумана акција, заедно со службите на Црвен Крст или самостојно да донираат средства или прехранбени артикли кои им се неопходни за живот  на ранливите категории луѓе.  Заеднички да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами , дека некој мисли на нив. Сите заедно за миг да ја вратиме насмевката на лицата од луѓето кои се на општествените  маргини, изјави градоначалникот Бакрачески.

По повод неделата за борба против гладта   Општина Охрид од својот буџет издвои средства и   подготви 50 пакети со прехранбени производи кои  како и минатата година  ќе  ги донира  на социјално ранливите  семејства.

Овие хуманитарни акции се привремено решение за решавање на проблемите на социјално ранливите категории граѓани. Она  кон што   ние  се стремиме   е  долгорочно да го подигнеме животниот стандард на таквите ранливи категории преку креирање на нови работни места.  Наша цел  е да ја раздвижиме локалната економија во Охрид и да креираме што поголем број работни места. Тоа е она што за мене лично како градоначалник  и за сите надлежни служби во Локалната самоуправа е врвен приоритет.  Значи наша најголема заложба е отворање на можности за креирање нови работни места а тоа се случува единствено само со придвижување на Локалната економија, со влез и на домашни и на странски инвестиции, отворање на нови  капацитети во делот на туризмот. Во таа насока е и  она што ние го правиме во делот на градба на индустриска развојна зона односно слободна економска зона. Во таа насока се и  секојдневните напори за олеснување на влезот на странски и домашни инвеститори, во делот на отворање погони и стопански капацитети. Ова е тоа на што ние работиме со цел да им помогнеме на социјално загрозените семејства,потенцира Бакрачески.     

Bidete_humani_4853

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *