ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 1000 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ЦАР САМУИЛ

– Се собравме денес во ова милениумско здание да ја одбележиме 1000 годишнина од смртта на Цар Самуил, основоположникот на македонското средновековно царство. Самуиловата  тврдина и артефактите од тој историски период и покрај различните толкувања на неки историчари од соседните земји, покажуваат  дека   Охрид бил главен административен  и духовен центар на македонското средновековно царство.

Крунисувањето за цар, според бројни познавачи на овој историски период, било извршено на свеченост кон крајот на X и почетокот на XI век во царската престолнина Преспа. Круната на македонскиот Цар Самоил  била направена од злато и била украсена со скапоцени камења и бисери, по што Македонската престолнина и патријаршкиот престол, од Преспа биле преместени во Охрид.

Самуиловата тврдина се смета за една од најголемите фортификации зачувани во Македонија. Првпат била споменета од страна на историчарот Тит Ливиј дека во 3 век пред нашата ера била тврдина на градот Лихнид.Во петиот век од нашата ера римските историчари Охрид го нарекуваат град на тврдини, а како престолнина на Самуиловото царство имала обновени и силни бедеми.Остатоците од цивилизациите во кои опстојувала  Самуиловата тврдина се видливи и сега и претставуваат доказ за нејзиното историско значење.

За разлика од тврдењата на некои историчари дека   Самуил бил цар на една соседна држава, новите научни сознанија покажуваат дека тој го основал македонското средновековно царство и не случајно Охрид го избрал за негово седиште.Уверени сме дека, без дневно политички интереси  и притисок, научниците од некои од соседните земји , ќе продолжат со истражувањата и на светската научна јавност ќе и ги презентираат реалните и со факти поткрепени сознанија за овој период од богатата македонска историја.
Ние како генерација сме против присвојување на нечија историја, а особено сме чуствителни  кога некој ја присвојува нашата, зошто ние сме овде во Самуиловата, а не во друга тврдина и одбележуваме 1000 години од смртта на Цар Самуил основоположник на македонското средновековно царство
 – рече градоначалникот Бакрачески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *