ГОДИНАВА ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ СТИПЕНДИРА ПОГОЛЕМ БРОЈ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ

Општина Охрид, односно локалната самоуправа  наскоро ќе го објави овогодинешниот оглас за стипендирање на талентирани ученици и студенти, најави денес охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески.

Како што најавивме минатата година , оваа година ќе ја прошириме листата на кандидати кои што ќе се стекнат со право за добивање на стипендија и тоа според  следната бројка: 15 стипендии за основци, 20 за средношколци и 30 за студенти кои се запишани на факултетите во Република Македонија. Со ова сакаме уште еднаш како и минатата година да дадеме поттик и поддршка на сите оние ученици и студенти кои што се навистина талентирани, вредни и  квалитетни да продолжат да вложуваат во своето образование во стекнувањето на нови знаења и во напредокот, се со цел да ги поттикнеме истите тие луѓе и во иднина да бидат носители односно столбови кои ќе ги носат важните одлуки кои ќе бидат од суштинско значење за општина Охрид , изјави  градоначалникот Никола  Бакрачески.

Проектот за стипендирање на талентирани ученици  и студенти е  по иницијатива и со заложба  на Градоначалникот на  Охрид , Никола Бакрачески  и  за прв пат  се реализира минатата година кога финансиска поддршка  Општината даде на  20 ученици во основните и средни општински училишта и  за 20 студенти од Охрид со висок просек на факултетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *