Нови мултифункционални корпи за ситен отпад на градскиот кеј

korpiЈП „Охридски Комуналец„ постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот  кеј, на потегот од градското   пристаниште до Холандскиот Парк. Овие корпи се добиени со донација од АД „Пакомак„ – Скопје. ЈП „Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД „Пакомак„ – Скопје во доменот на селектирање на амбалажниот отпад, односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.

Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и  пепелник  за  цигари:   едниот   сад е наменет за селекција и депонирање на пластични шишиња и лименки (овој сад е затворен со посебен   отвор на   горниот дел) и отворен сад за депонирање на останатиот ситен отпад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *