ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАНАДСКОТО СОБРАНИЕ ШЕР ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Во рамки на  својата работна посета во Македонија, денеска Претседателот на  Собранието на Канада , Ендру Шер  престојуваше во  Охрид.

По ручекот ,што во чест на  Ендру  Шер го организира  Роман Вашчук –  нерезидентен Амбасадор на Канада за Република Македонија чие седиште е во Белград , а на кој присуствуваше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , гостите во придружба на градоначалникот ги разгледаа  најрепрезентативните културно историски знаменитости во градов.

Тие ги разгледаа црквата Св. Пантелејмон и Св. Климент на Плаошник, Света Софија , Галеријата на Икони и националната работилница за рачна изработка на хартија.
На свечениот ручек кој повеќе имаше работен карактер, Бакрачески со вториот човек на Канада Шер и амбасадорот Вашчук  разговараше околу можностите за соработка на полето на културата, спортот и образованието, како и за можностите за привлекување канадски компании во слободните индустриски зони. Воедно Градоначалникот ги запозна гостите и со досега реализираните контакти со канадски фирми за инвестиции во Охрид.

Пред доаѓањето во Охрид  претседателот на Собранието  на Канада  Шер, имаше средба со бизнис заедницата во  Република Македонија, а  вечерва  е  предвидена и вечера што во негова чест ја организира  фондацијата “Macedonia 2025“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *