Повеќе имиња на анкетите за претседател, меѓу нив се Македонци, Албанци, Турци и Срби потврди премиерот на Р.М Зоран Заев

Премиерот, Зоран Заев, потврди денеска дека СДСМ спроведува анкети за да го измери рејтингот на потенцијалните кандидати за претседател. Во јавноста се шпекулира дека на анкетите се наоѓаат имиња од Владата, како што се Шекеринска, Спасовски, Димитров, Пендаровски. Заев додаде дека на анкетите се повеќе од 10 имиња, меѓу кои се луѓе од речиси сите етнички заедници во Македонија.

-Меѓу нив се Македонци, Албанци, Турци, Срби. Анкетите се прават за да видиме како размислуваат граѓаните. Правиме вкрстени евалуации со имиња од другата страна, за да се обидеме во коалицијата да дојдеме до решение, да најдеме личност која е најприфатлива – рече Заев.
Тој најави дека за кандидатот за претседател ќе разговара и со опозициски партии за да се опфатат повеќе страни и да се дојде до пошироко консензуално решение.

-Консензуалниот претседателски кандидат не треба да биде договорен меѓу Заев и Ахмети, Гаши и Ахмети, или Енес Ибраим и Самка Ибраимовски да речеме. Треба да биде на граѓаните. Има такви луѓе во Македонија и ние ќе ги најдеме. Посебно со очекува кандидат за претседател кој ќе биде претседател на сите и ќе ги нема слабостите кои ги покажа досегашниот претседател во делот на мултикултуралното општество и во делот на интеграциите на Македонија – рече Заев.

Тој додаде дека нема партија од поголемите која не прави анализи. Во СДСМ рече се започнати постапките и дека дебатата е отворена.

-Пуштени се имиња, ќе бидеме паметни и без суети и предрасуди ќе избереме кандидат – рече Заев и додаде дека тој е надвор од конкуренција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *