„Комуналец“ го праша ВМРО ДПМНЕ зошто тие не го раздолжиле градот ? !

По вчерашниот снимен јавен настап на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Охрид во кое беа изнесени низа неточни реченици и со ништо непоткрепени обвинувања должни сме јавноста да ја запознаеме со фактите околу работењето и инвестициите на ЈП Охридски Комуналец.

ЈП Охридски Комуналец во минатата година оствари инвестиции во висина од 9 милиони денари од сопствени средства инвестирани во опрема.

Инвестирани се 27 милиони денари во нови возила, а средствата за ова се обезбедни од Локалната самоуправа.

Платени се над 7 милиони денари долгови по извршни решенија.

И за крај, со раздолжувањето на Охрид ќе се раздолжи и ЈП Охридски Комуналец по основ на 60 милиони денари, средства кои Локалната самоуправа ќе ги плати кон претпријатието, како дел од пакетот за раздолжување на градот, со што ЈП Охридски Комуналец конечно ќе се одблокира и ќе стане јавно претпријатие без долгови.

Ваквиот конкретен финансиски препород на претпријатието кажува дека времето на политичкото живеење со сплеткарење и градење позиции на таков
начин заврши и сега е време на елаборирање и анализирање на факти и давање одговори на многу прашања.

Ваквиот финансиски расплет го отвора прашањето на кое партијата ВМРО ДПМНЕ треба да даде одговор пред граѓаните на Охрид :

“Зошто во време на вашето владеење, Владата на ВМРО ДПМНЕ не даде ни еден денар за Охрид и не помогна да се раздолжи градот ? “
“Зошто во годините кога го водевте ЈП Охридски Комуналец не инвестиравте во истото ?”

Од како ќе го одговорите овие прашања, тогаш ќе може да критикувате за недомаќинско работење на ова раководство во претпријатието.

Граѓаните, вработените во претпријатието кои вложија надчовечки напори во справувањето со последиците од снежното невреме и целата јавност го чекаат одговорот на ова прашање.

 

  

 

   

Leave a Reply

Your email address will not be published.