Снегот се рачистува и се интервенира во повеќе наврати

Следејќи ја временската прогноза и најавените снежни врнежи, во текот на вчерашниот ден се одржа координативен состанок на оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„. Се екипираа групите за расчистување на коловозите и сообраќајниците со механизација, за рачно расчистување на пешачките патеки и јавни површини, како и екипите на „Паркови и зеленило„ за интервенирање во парковите и дрворедите.

IMG-4b6ccaf6dfa37f27fba5a76b7b1d05a5-V

IMG-6dbe28a8cdc99176d53f4f84a3227e0d-V

IMG-8fd46736fa69e697db6e46cf8e1caa09-V

Уште во раните утрински часови коловозите се посипуваат со абразивни средства, а чаршијата, пристапните патеки во стариот дел од градот и тротоарите во централното градско подрачје рачно се расчистуваат.

 

Заради обилните врнежи ситуацијата будно се прати бидејќи повторно се создава нова покривка и се делува во повеќе наврати. Екипите цел ден ќе бидат на терен и активно ќе го расчистуваат снегот според приоритет.

Апелираме до граѓаните и самите да придонесат во рамките на своите можности и да помогнат во расчистувањето, а воедно ги потсетуваме на нивната законска обврска за расчистување на површините пред нивните станбени и деловни објекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *