БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ,  градоначалникот Константин Георгиески до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет и празнувањето да го поминат во весела атмосфера.

– Со сета своја големина и духовност што овој празник ги носи со себе, е како потсетник на христијанските вредности, на Божјите дела и човекољубието. Токму затоа, да ги отвориме нашите порти за светлината која ја носи овој голем христијански празник. Да бидеме верници и да правиме добри дела. Да се почитуваме меѓусебно и заедно да работиме за подобар град. Божиќ е празник на љубовта, на надежта и семејните вредности. Тоа е празник на радоста и достоинството. Да го празнуваме заедништвото со Бога и да се помолиме и во иднина Бог да биде со нас, со нашите верници и со нашите семејства. Нека христовата светлина ги осветли Вашите домови. Нека е за многу години големиот христијански празник – Божиќ. 

Христос се роди!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *