Од денеска градскиот парк го краси дрвен воз кој го изработија вработени од „Паркови и зеленило“ при јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Дрвениот воз е во близина на детското игралиште, каде е формирано ново хортикултурно катче, кое е надополнето со цветни жардинери и е декорирано со украсен камен.

Дрвениот воз е изработен од стеблата од дрвја кои се отстранети од различни критични точки на територијата на општина Охрид, а вработените со голема умешност истите ги издлабија и формираа уникатно дело.