Советникот Бесим Демиров застанува зад Константин Георгиевски

Советникот на египќаните Бесим Демиров во изјава за Охрид 1 вели дека тој како советник застанува зад изборот на Константин Георгиевски за в.д градначалник на Охрид во наредните месеци:

„Константин Георгиевски, беше носител на листа која на изборите освои над 15 000 гласови. Овој факт сигурно го имал во предвид и прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски кој по своја воља, но и по воља на граѓаните го именува со свој потпис Константин за негов заменик. То значи дека ние ја знаеме и вољата на починатот градоначалник и вољата на народот и секое отстапување од ова претставува политичка игра која нема никаква смисла и е надвор од секоја човечка и морална норма, а не е ни етичка. Ние ќе гласаме за Константин Георгиевски , затоа што единствено тој е логично решение кое треба да остане на позицијата, на која покојниот Стојаноски го именувал“, вели Бесим Демиров советник од редот на египќните во Оптина Охрид. Тој уште нагласува дека тој како советник  нема да поддржи ни едно друго решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *