Годишен собир на Египќаните во Охрид

Традиционалниот годишен собир на Египќаните од Охрид вечерва се одржа во Центар за култура Григор Прличев.

20181118_192444

received_270336440291681

received_333427324126404

На настанот беше отворена изложба на историски фотографии која за отворена ја прогласи реномираниот охридски историчар Доц. Д.р Никола Мотровиќ Бабе кој има краток осврт на историјата на фотографијата и Египќаните во Македонија.

Благодарница беше доделена на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, за посебен придонес и спонзорирање на неколку проекти поврзани со културата и традицијата на македонските Египќани.

Благодарници добија и директорите на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски, на „Градски Гробишта“ Ванчо Костоски за учество во формирањето на првата партија „Сојуз на Египќани“ во 90-тите години, како и Никола Митровиќ Бабе за документирање и архивирање историски факти и вистини за Египќаните во Македонија.

Рамиз Рамо за придонес во областа на религијата и голема помош во градењето на првата џамија од страна на Египќаните, потоа Адиз Ибраимоски за зачувување на ковачкиот занает, Адријан Селман за најдобар спортист, Омер Абаз млад спортски надежи, Гзим Демироски за најдобар ученик студент од Египќаните во 2018.

Благодарница доби и ФК ПИРАМИДА за промоција на спортот како и Илми Далип активист на првото малцинско културно уметеничко друтшво „Реџеп Aбаз Охрид“ од 1943 до 1966.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *