Започна реализацијата на Програмата за зимско одржување

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови, започнаа подготовките и реализација на  „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.

На повеќе локации  депонирани вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ ( бараки), с.Елшани , с.Долно Коњско и по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *