РЕДОВНО СЕ СЕРВИСИРА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ОХРИД

Екипи на Јавниот приватен партнер на Општина Охрид за јавното улично осветлување заедно со стручните лица од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици во текот на летниот период имаат зголемен обем на работа при санација на дефекти и замена на дотраени улични светилки со нови по целата територија на Општина Охрид.
Деновиве поради шпицот на летната туристичка сезона како резултат на зголеменото оптоварување на електричната енергија се јавуваат повеќе дефекти на различни делови од Општината, но заради зголемениот степен на координација помеѓу Секторот за комунална дејност и екипите што работат на терен истите ефикасно и во разумен временски период се санираат. Во теков на денешниот ден успешно се реши еден ваков проблем благодарение на мобилноста на екипите од Секторот за комунална дејност и јавниот приватен партнер. Воедно, одговорните лица за јавното улично осветлување од Секторот за комунална дејност, сообраќај и улици апелираат до граѓаните доколку забележат вакви или слични појави да ги алармираат соодветните служби во Општина Охрид.
Што се однесува до јавното улично осветлување, од Секторот за комунална дејност при Општина Охрид истакнуваат дека се задоволни од степенот и динамика на смена на дотраените улични светилки и потенцираат дека по завршувањето на шпицот на летната туристичка сезона ќе пристапат кон еден посериозен процес на поставување на нови сијалични места низ целата територија на Општината по дојава и барање на граѓаните на Општина Охрид. Од Секторот исто така истакнуваат дека до нив веќе се пристигнати прилично голем број на барања за поставување на нови сијалични места и во периодов што следува ќе пристапат кон нивно ефектуирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *