Египќаните се оградија од Демир Далип – лажно се претставува дека ги штити правата на Египќаните

Лице лажно се претставувало дека ги штити правата на Египќаните, соопштија од здруженијата на Еѓипќаните.
ohrid 1 demir

Нивното соопштение го пренесуваме интегрално.

„ Ние здруженијата и организациите кои ги обединуваат Егкипќаните од Македонија ја информираме јавноста дека лицето Демир Далип кое во јавноста се појавува и лажно се претставува за претставник на некаква Невладина организација која ги штити правата на Египќаните, не е наш претставник и никој никогаш не го овластил да зборува во име на Египќаните. Господинот Демир Далип лажно се претставува за претставник на невладина организација која во повеќе прилики ја наведува со различни имиња , а која всушност не постои и никогаш не е регистрирана. Со ова лажно претставување спомнатото лице со години крши одредби од Закон, притоа правејќи кривични дела со лажно претставување во јавноста и медиумите. Ова писмо го упатуваме до ценетите медиуми , јавноста и надлежните органи со цел да го земат во предвид и да ја информираат пошироката јавноста дека лицето Демир Далип од никого никогаш не е овластен да се претставува како лидер на нашата етничка заедница Египќани“, се вели во соопштението.
za ohrid vest demir

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *