ЕВРОПСКИ КУП ЗА МЕЖУРЕТКИ ВО ОХРИД

Престојниот викенд 27-28 октомври, во Охрид, ќе се одржи Европски КУП за мажуретки генерации ’99 – ’09. Натпреварот ќе се одржи во Спортската сала “Билјанини Извори” и тоа во сабота од 13 – 20 часот и недела од 13 – 19 часот.

На Европскиот КУП ќе учествуваат повеќе од 600 мажуретки од Молдавија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и секако домаќинот Македонија, кои веруваме на задоволство на охридската публика ќе ни ги покажат сите убавини на танцот. Убавините на танцот, танцовите акробации, танцовите кореографии се навистина голем мотив за сите нас посебно најмалите да бидеме дел од натпреварите во сабота и недела.Исто така организаторот на Европскиот КУП Алпа Алпина се приклучува во акцијата за поддршка на нашата Сара така што одлуката за бесплатен влез за Европскиот КУП ја носат се со цел предвидените средства за таа намена сите посетители да ја донираат за поддршка на Сара. Собраните средства организаторот после завршувањето на Европскиот КУП ќе и донираат на фамилијата Настоски.

Почитувани граѓани имаме многу причини овој викенд да ја посетиме Спортската сала “Билјанини Извори”, така што ЈП Билјанини Извори Ве повикува во што поголем број да бидете дел од првиот танцов настан од ваков вид некогаш организиран во Македонија и Охрид, да уживаме и донираме во исто време и на исто место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *