ЈЗУ Кардиолошки завод од Охрид денес со хуманитарна акција под мотото „Моето срце – твоето срце“ ги заврши активностите по повод „Светкиот ден на срцето“

Хуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“ каде во периодот од 12 до 14 часот посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик.
Вработените во Кардиолошки завод и Здравствен дом Охрид вчера организираа еко акција во која се чистеше просторот кај месноста Свети Стефан.
Оваа еколошка активност се спроведе во рамките на одбележувањe на Денот на Европска Соработка – European Cooperation Day, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан Охрид во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Охрид како партнери во проектот Heart Safe Cities во склоп на Interreg IPA CBC Programme 2014-2020, на 05.10.2018
одржа настан под мото: Здраво срце – чиста околина. Целта на настанот е претставување на проектот во кој учествуваат заедно со партнери од Грција. Во наредните две години Заводот ќе биде ангажиран во спроведување на низа активности предвидени во проектот.
43331165_2668585126700033_8532538543136833536_o 43335382_2668585316700014_1990140278480044032_o 43365907_2668586160033263_5710966469588680704_o 43392969_2668602233364989_9065957602805940224_o 43437560_2668586763366536_2191916613685477376_o

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *