Десет деца се возеле на рингишпилот кога одеднаш пукнал главниот столб, по што справата се распаднала. Повредените деца се пренесени во локалната болница, каде било констатирано дека се работи за лесни повреди и тие се пуштени на домашно лекување. Сопственикот на рингишпилот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност, бидејќи немал дозвола за оваа дејност, а најамени се и законски мерки против сосптвеникот на земјиштето каде бил поставен рингишпилот. Во март ист ваков инцидент се случи и во Соко Бања.