ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

Заменик градоначалникот на Охрид,   Константин Георгиевски , денес на прес конференција објасни зошто со одлука на  Советот на град Охрид со ребалансот на буџетот има пренамени на средства во одредени ставки. Обраќањето на Георгиески го објавуваме интегрално

 Почитувани претставници на медиумите, како одговорна локална власт чувствуваме потреба да дадеме објаснување пред граѓаните на Охрид   зошто   со ребалансот на буџетот се променети средствата  во одредени ставки,  притоа посочувајќи дека   токму затоа истите тие средства се пренаменети во други   ставки за развој на одредени општествени сфери, онаму каде  што охриѓани преку свои барања укажуваат дека има многу поприоритетни прашања и проблеми за решавање. 

Деновиве некои политички опоненти јавно реагираат дека со одлука на Советот на општина Охрид   со ребалансот на буџетот се скратени 10 милиони денари  во делот на инфраструктурата и комуналните зафати што апсолутно не е точно. Во одредени сегменти се намалуваат износите на средствата но затоа се зголемуваат за приоритетни и важни проекти за Охрид. Така за 12 милиони денари се зголемени средствата за асфалтирање улици, за 10 милиони денари се зголемени средствата за изградба или реконструкција  на потпорни ѕидови. Голем дел од средствата се  предвидоа за  реконструкција и асфалтирање  на улиците „Егејска“, „Македонски просветители“ како и за довршување на патеката која води до некогашниот хотел „Парк“.
Затоа што многу помали се барањата  и потребите на Охриѓани за нови водоводни линии, со ребалансот на буџетот ги пренаменивме средствата за фекална канализација за 4 милиони денари и за водоводни линии за 6 милиони денари, поради тоа што за истите не се изготвени проекти и не може да се изведат средствата од 10 милиони денари планирани за нив се пренаменети во програмата за уредување на градежно земјиште.  Со промената на средствата за водовод и канализација воопшто нема да се намали квалитетот на услугите кон граѓаните. Во програмата за уредување  на градежно земјиште се додаваат 34 милиони денари од кои 12 милиони денари се за асфалтирање на тесни улички , 3 милиони денари  за изградба на потпорни ѕидови, 2 милиони денари за изработка на проекти, каде исто така се предвидени 4 милиони денари остварени како заштеда по тендери од планираните средства за изработка на проекти, значи вкупно дополнителни 6 милиони денари за изработка на проекти. Па така 7 милиони денари се планирани за  реконструкција  на улица „Македонија“, улица  „Егејска“ и кружен тек кај општата Болница. Останатите средства се за експропријација на земјиште.  За плаќање по судски решенија откако е на власт актуелниот градоначалник Стојаноски исплатени се повеќе од  80 милиони денари од стари долгови плус 13 милиони денари по кредит од Светска банка.
Уште еднаш потенцираме дека како одговорна локална власт ќе пренасочуваме средства зависно од потребите на охриѓани и тоа што за нив и за град Охрид во даден момент е поважно и поприоритетно – рече Георгиески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *