Анaлизa нa Владимир Кaневчев oд OO Oбединети зa Мaкедoнијa oд Oхрид вo врска сo референдумoт

Претседателот нa OO нa Oбединети зa Мaкедoнијa oд Oхрид, г-динoт Владимир Каневчев сo aнaлизa зa пoлитичкaтa сoстoјбa вo врскa сo референдумoт

Доколку не успееПретседателот нa OO нa Oбединети зa Мaкедoнијa oд Oхрид, г-динoт Владимир Каневчев сo aнaлизa зa пoлитичкaтa сoстoјбa вo врскa сo референдумoт референдумот:

1. Заев ќе поднесе оставка и паѓа Владата.
2. Собранието ќе распише предвремени Избори и ќе се самораспушти
3. Поради огромното незадоволство на членстовото и гласачите и од двете најголеми партии, а и нема да има кој да диригира со списоци, нема да има лажни лични карти, нема да се носат луѓе од Пустец, а со тоа нема да има доволна излезеност и Изборите ќе пропаднат.
4. Македонија од страна на ЕУ и НАТО ќе стане протекторат со странска управа.
5. За најскоро време албанците од Западна Македонија и секаде онаму каде се над 20 % ќе распишат и ќе одржат (100% успешен референдум) за територијална сувереност и отцепување од протекторатот Македонија и припојување кон Албанија.
6. Останатиот дел од протекторатот Македонија ќе остане најизолираниот, најсиромашниот дел на Балканот, во Европа и светот, санкциониран од цел свет, со тенденција да биде поделен и распарчен и деловите припоени кон соседните држави.
7. Тоа ќе значи дефинитивен крај на Македонија, на македонскиот јазик и идентитет, крај на вековната борба за Македонија.
8. Неизвесно е и крвопролевање кое може да биде и во поголеми размери, а со тоа никој не добива, сите губат.
Ете дали тоа го сакаат господата од ДПМНЕ и нелегитимниот претседател ЏорЏе со својата детруктивна политика и секојдневните критики кон Власта во врска со Договорот со Грција, или сакаат да нивните деца да живеат во суверена, модерна и европска Република Северна Македонија со призната македонска националност, македонски јазик и гарантирани од НАТО за век и веков границите на оваа наше мало парче света земја.
А господата од СДСМ ако сакаат својата агенда да ја истераат до крај, да ја ,,спасат,, Македонија и да бидат запишани во историјата како креатори на модерна Македонија, крајно време е да је земат Власта во свои раце, Полицијата во свои раце и да ја активираат ,,метлата,, под итно, пред се во своите редови, да ги спасат институциите кои се во распад токму поради невладеење на правото од страна на ,,бившите,, дпмнеовски и новите ,,неспособни,, сдсмовски носители на функции, да го чујат гласот на обичниот граѓанан и да му дадат барем тронка надеж за посветла иднина. Работата е СЕГА или НИКОГАШ…За Македонија се работи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *