НА ДОЛНИ САРАЈ ЗАПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ НА СЛОВЕНЕЧКАТА МУЗИКА И ИГРА

Традиционалниот музичко-сценски фестивал “Словенија во Охрид“, синоќа беше отворен на летната сцена на Долни Сарај. Дувачки и тамбурашки оркестри, хорови и мажоретки и 31 фолклорна група со над 800 учесници во наредните денови ќе ја презентираат словенечката музика и игра пред охриѓани и гостите. Амбасадорот на Република Словенија во нашата земја Милан Јазбец, истакна дека оваа манифестација е празник соработката и пријателството кој покрај на словенечки се обрати и на македонски јазик.

– Овој прзаник има дополнителна тежина бидејќи од годинава за првпат почесен покровител на „Словенија во Охрид“ е претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Ова е еден од големите нови докази за традиционално, искрено и отворено пријателство меѓу нашите две земји и народи. Словенија е голем поддржувач на Македонија на патот кон евроатлантската интеграција и така ќе остане и во иднина. Особено сме задоволни со неодамнешната одлука на Северно атлантскиот совет да Македонија за три недели добие покана за членство во НАТО, како 30-та земја членка. Ви честитам и заедно со вас со нетрпение го очекувам ова достигнување, што е правично и подобро не можеше да биде – истакна амбасадорот Јазбец.

Во името на градот домаќин, присутните ги поздрави градоначалникот Јован Стојаноски, кој истакна дека иако Словенија и Македонија 27 години чекорат самостојно, искрените и пријателски врски остануваат како трајна определба на нашите народи.

– Ваквите манифестации само ги потврдуваат и продлабочуваат таквите односи. Охрид во текот на летната сезона се претвора во културен центар на Македонија, а ваквите манифестации токму тоа го потврдуваат и ја збогатуваат туристичката понуда на македонскиот туристички и културен бисер. Верувам дека нашите словенечки пријатели, автентично, разиграно и весело ќе ни ја доловат „Словенија во Охрид“, но исто така уверен сум дека ќе понесат незаборавни спомени од нашиот град –  подвлече Стојаноски.

Интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“ е во организација на Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди-Охрид“ и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија. Манифестацијата  продолжува денес од 17 часот на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и на новиот мал плоштад кај ТЦ „Амам“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


https://vulkan-vegas-spielen.com, https://mostbetuzonline.com, https://1win-azerbaijan2.com, https://mostbet-az-24.com, https://kingdom-con.com, https://1xbet-azerbaycanda.com, https://mostbet-az24.com, https://most-bet-top.com, https://mostbettopz.com, https://mostbetsportuz.com, https://mostbet-oynash24.com, https://vulkan-vegas-24.com, https://mostbetsitez.com, https://mostbetuztop.com, https://1xbetsitez.com, https://1xbet-azerbaycanda24.com, https://mostbet-qeydiyyat24.com, https://vulkanvegas-bonus.com, https://mostbet-ozbekistonda.com, https://pinup-bet-aze.com, https://1xbet-az24.com, https://1xbet-az-casino.com, https://1winaz777.com, https://1xbetaz777.com, https://1xbet-az-casino2.com, https://vulkanvegasde2.com, https://1win-azerbaijan24.com, https://pinup-bet-aze1.com, https://mostbet-royxatga-olish24.com, https://mostbet-azer.xyz, https://1xbetaz888.com, https://mostbet-azerbaijan2.com, https://vulkan-vegas-888.com, https://1xbetaz2.com, https://mostbet-azerbaycanda24.com, https://mostbetuzbekiston.com, https://1xbetcasinoz.com, https://vulkan-vegas-casino2.com, https://mostbet-azerbaycanda.com, https://vulkan-vegas-bonus.com, https://1win-qeydiyyat24.com, https://vulkan-vegas-kasino.com, https://1win-azerbaycanda24.com, https://pinup-azerbaycanda24.com, https://mostbet-uz-24.com, https://pinup-az24.com, https://vulkanvegaskasino.com, https://mostbet-az.xyz, https://pinup-qeydiyyat24.com, https://mostbet-kirish777.com, https://1xbetaz3.com, https://mostbetaz777.com, https://1win-az-777.com, https://pinup-azerbaijan2.com, https://vulkan-vegas-erfahrung.com, https://mostbet-uzbekistons.com, https://mostbetaz2.com, https://mostbet-azerbaycan-24.com, https://1xbetkz2.com, https://1win-az24.com, https://mostbetcasinoz.com, https://mostbet-azerbaijan.xyz, https://1winaz888.com, https://1x-bet-top.com, https://1xbet-azerbaijan2.com