ДЕМИР ДАЛИП ГО ПОВИКУВА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДА ГО ОФИЦИЈАЛИЗИРА 24 ЈУНИ- ДЕНОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПКАНИ

По повод честитката на Премиерот на Р.Македонија, г дин Зоран Заев , со кој се честита Денот на Балканските Египкани, а која е упатена до Здружението на балканските Еѓипчани во Република Македонија, лидерот на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ, Демир Далип, на својот фб профил ЈАВНО го повикува Премиерот Зоран Заев, дека има извонредна можност да го официјализира овој ден на Египканите, а истовремено Демир Далип изразува жалење што за време на владеење на ВМРО ДПМНЕ, и покрај многубројните напори, не се реализиралаова идеја. Исто така, Далип истакнува дека има повеке НВО ОРГАНИЗАЦИИ кои се залагаат за правата на Египканите во Р.Македонија, и дека не постои само Здружението на балканските Еѓипчани во Република Македонија, како организацијакоја се залага за културните, економските, политичките и правата и слободите содржани во Уставот на Р.Македонија. Посебно внимание повлече фактот што овој ден единствено организирано се одбележа во Струга , во присуство на енормно мал број на присутни, што повлекува многу прашања кои ке се интензивираат деновиве и од кои ке се бара одговори.

На крајот Далип изрази загриженост зошто лидерот на опозицијата господин Христијан Мицкоски не го честиташе денот на балканските Египќани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *