Општина Охрид воведува плаќање паркинг преку смс

Општина Охрид заедно со ЈП „Билјанини извори“ наскоро започнува  проект за нов начин на наплата за паркирање на возила во Охрид . Охриѓани, гостите и туристите наплатата за паркирање на своето возило може да го реализираат со испраќање на SMS порака.

Според  проектот централното градско подрачје се дели на три зони А (црвена) зона, Б (темно сина) зона и В (светло сина) зона согласно приложената мапа.

Во предлог одлуките се внесени границите на зоните за паркирање и кои улици на кој зона  припаѓаат како и цената за паркирање која е определена од типот на зоната.

Општина Охрид ги повикува сите охриѓани да земат учество со свои предлози и  сугестии  со цел да придонесат во поуспешно реализирање на проектот кој  ќе овозможи полесно сообраќајно функционирање на градов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *