ВМРО ДПМНЕ бара оставка од Јован Стојаноски

Охриѓани се жртва на погрешните политики на Власта. Ветуваа туристичка атракција а и тоа што е изградено дозволуваат да се уништи. Владата предводена од СДСМ и Градоначалникот Јован Стојаноски одат по народната „Село гори баба се чешла“.

Охриѓани имаат директни штети и загуби поради неодговорноста на власта, неспособното менаџирање и ненавремената реакција на институциите. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за високото ниво на водата во Охридското Езеро. Поучени од минатите години, предупредивме дека во наредниот период нивото на водата ќе се зголемува и треба да се рагира. И покрај предупредувањата и првиот пат и сега по вторпат поплавите причинија огромна материјална штета кај објектите долж на целото крабрежје.

За целото ова време каде е кризниот штаб и зошто не се активни заедно со Центарот за управување со кризи во Охрид? Зарем се чекаше да се случи катастрофата и жртви да бидат охриѓани.
Што направиле цело ова време за да придонесат за спречување на овие катастрофи други несакани појави?

Пред сезоната на дождови и топењето на снегот, не е извршено никакво дополнително предпразнење на акумулациите како подготовка за прием на големото количество на вода.
Зошто раководството на ЕЛЕМ, дозволи сериозен пораст на котите на Охридското езеро? Надминатате е и критичната точка, 26 см над макдимално дозволената кота. Зошто не е навремено реагирано за водата да се испушта и полни навремено Шпиље?
Покрај катастрофалните штети има и негативно влијание на земјоделието во целиот регион поради енормната влажност на почвата. Штетите што ги претрпуваат земјоделците се големи.
Одговорност за раководството на ЕЛЕМ мора да има.
СДСМ и Владата најмалку што можат да направат е да им се извинат на сите граѓани што се погодени или живеат во страв од поплавите, веднаш да го разрешат директорот на АД ЕЛЕМ за направените пропусти во работењето.

ВМРО-ДПМНЕ апелира во иднина Владата на СДСМ и раководството на ЕЛЕМ совесно да ја извршуваат функцијата бидејќи ова е недозволиво.
Препорачуваме да ги следат временските прогнози и промени поврзани со водостојот на Охридското Езеро со навремено регулирање за да се избегнат несакани штети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *