ЕГИПЌАНИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДИРЕКТОРСКО МЕСТО

ОТВОРЕНО ПИСМО: ЕГИПКАНИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДИРЕКТОРСКО МЕСТО

Имајки го во предвид ноторниот факт, дека Египканите се втора по бројност етничка заедница во еден мултиетнички, мултиконфесионален,мултијазичен Охрид, како и ноторните факти дека истите ги краси крајната лојалност и конструктивност кон заедничката држава Р.Македонија. Интегративните процеси, антидискриминацијата, праведната и адекватна застапеност, несомнено, се инкорпоративен дел на интегрирачките процеси и на проектот,,ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗАСИТЕ…!! Последните , Локални избори, Египканите го добја првиот советник, но притоа да напомениме дека околу 2000 Египкани му ја дадоа подршката на СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА.Аналогно на горенаведеното, сосема логично и во духот на демократските вредности, очекувањата на Египканите беа во насока да се назначи Директор на Јавно Претпријатие.Тие, очекувања и се реални и легитимни. Денес, имаме над 40 високообразовани Египкани, кои солидно и корекно но и транспарентно би ја обавувале фунцијата Директор на било кое Јавно Претпртијатие. Египканите, не смееме да дозволиме да ги перцепираме низ призмата на грагани од 5 ти ред, поволни за чистачи, амалџии и слично, бидејки тоа е сместено во минатото, со должна почит и кон горенаведените, бидејки истите работата ја извршувале крајно корекно и професионално.Египканите, не треба да ги ,,третираме како гласачко тело,, напротив.Истите се доволно квалификувани да бидат не само Директори, Раководители, ами и Министри, и Зам.Министри и Државни Секретари, и на тој начин да го дадат својот придонес кон нашата заедничка татковина Р.Македонија. Денес, се декларираме дека го почитуваме начелото на рамноправност и еднаквост, праведна и адекватна застапеност итн…. Ви се молам, каде имате адекватна и правична застапеност кај Египканите, дали има барем 1 вработен Египканец, согласно Охридскиот Рамковен Договор???Драги мои, за жал нема ниту од едното ниту од другото. ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ, не може да профунционира со дискриминирани грагани, тоа ке биде типична утопија, вреднувајте го трудот на оние кои го подржаа проектот ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ, додека има време, а утре, утре треба да се погледнеме во очи, само некој да не го наведне погледот.Многу е болно…..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *