ЕГИПКАНИТЕ СЕ ЗРЕЛИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА СВОЈАТ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА

ЕГИПКАНИТЕ СЕ ЗРЕЛИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА СВОЈАТ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, САКАМЕ ДА БИДЕМЕ РАМНОПРАВЕН СУБЈЕКТ ВО ПОЛИТИЧКИОТ НАТПРЕВАР
Драги мои, Ако, се обидеме да направиме една ретроспектива на општесвено-политичкото дејствување на Египканите во Р.Македонија, анализирајки ги сите политички потези и резултатите од истите, слободно можеме да констатираме дека поновата генерација на општествено-политички активисти на Египканите, како и борци за рамноправност и човекови права на ова ранлива етничка заедница, се во најмала рака и зрели и достоинствени и компетентни да формираат политички субјект на Египканите, субјект кој би се базирал на основните начела на демократските вредности, интегративнитепроцеси, зачувување на етничкиот дискурс и национал-идентитетските вредности на Египканите како и семејните вредности, како еден ситем на утврдени морални вредности како трајни и во континуитет зачувани вредности. Почит и благодарност кон минатите генерации на општествено-политичките активисти на Египканите, но во овој моментум мораме и требаме да констатираме одредени дејанија и личности, кои направија своевидна ,,ПОЛИТИЧКА РЕВОЛУЦИЈА,, во политичкото дејствување на Египканите.

Ова, млада генерација на општествено-политички активисти на Египканите, предводени од г дин Арбен Демироски –Бено, го постигнаа оној посакуван резултат , кој патем се залагаа многу генерации Египкани. Го добија првиот Советник-Египканец во ликот и делото на г дин Бесим Демиров, и тоа е секако за поздравување.Ниту, е едноставно ниту е лесно да се избориш за Советник, особено НЕ во услови кога нема фер политичка борба, кога електоратот кој по некоја логика треба да ве подржува и гласи, е под константен притисок, од повеке центри на мок. Но, Бено и другарите тоа комотно и елегантно го изведоа, и за тоа треба да им се честита. Суштински, според мое лично мислење и убедување се созреани условите за формирање на Политичка партија на Египканите, која , првично за цел би имало исклучително тешка задача, а тоа е да ги обедини сите ,,струења,, а потоа да ги инкорпорира сите интелектуиални капацитети како и грагани Египкани кои оставиле свој посебен белег во нивното работење и се своевиден афторитет, едноставно да ги ,,отвори вратите,, на секој поединец кој би дал придонес за реализирање на Египканската Агенда.Никакви потписи, иницијативи , и слично нема да вродат со плод, бидејки Египканите необединети, немаат ама баш никакви шанси да направат чекор напред , во политичкиот живот во Р.Македонија.

Ова , мисија дефинитивно треба и мора да го предводи Арбен Демироски-Бено, кој патем докажа дека ,,царува на терен,, дека има организациски способности и дигнитет да застане на чело на евентуалниот нов политички субјект. Секако, рамо до рамо , со него ке треба да се бори целата интелектуална елита со максимална подршка на ,,урбаните афторитети,, од Охрид, Ресен, Струга, Кичево, Битола како и оние кои не го кажале својот последен збор и сеуште имаат што да понудат на политичкиот простор. Во вакви претпоставени околности, Египканите ке имаат сигурно 1.5 пратеник.ци во 5 та изборна единица, а сигурни 2 пратеници ако Р.Македонија биде 1 Изборна Единица. Таа е реалноста драги мои, и во такви околности нема да има потреба да бараме заштита од други, во такви услови сами ке одлучуваме за нашите идни поколенија, за интегративните процеси и развојот на демокраските процеси, едноставно нема да СЛУГУВАМНЕ НА ДРУГИТЕ, како што тоа беше случај до сега.

Имаме и идеја, имаме и капацитет, ни треба добра волја да си подадеме рака, да си ја вратиме довербата и со заеднички сили , да ги утврдиме ПРИОРИТЕТИТЕ НА ЕГИПКАНСКАТА ЗАЕДНИЦА.Едноставно, МОЖЕМЕ И МОРАМЕ….!!

Со почит, Демир Далип

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *