Водата во Охрид не поскапува се зголемува Надоместокот на 70 денари

Од следниот месец Јануари 2018 сите корисници на вода на територија на општина Охрид ќе плакаат дополнителен фиксен надоместок од 70 денари , овој надоместок важи за сите физички лица без разлика дали се редовни ,викенд станови или неактивни броила.

Врз основа на Законот за утврдување на цени на водни услуги (Сл.весник на РМ бр.7/2016) и согласно Решението на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр.УП1 бр.08-102/17 од 11.09.2017 година, Управниот одбор на МЈП Проаква Струга донесе одлука за утврдување на тарифи за вода на седницата одржана на ден 22.12.2017 година. Што значи носењето на одлуката е законска обврска на претпријатието. Цената на водата нема паушално да се одредува и зголеми, односно таа до сега изнесуваше 25,50 денари за кубик потрошена вода, а од месец јануари натака ќе изнесува 25,52 денари за кубик. – соопшти МЈП Проаква.

Од Проаква уште информираат дека цената на водата во Охрид е непроменета од 2001 година до денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *