Без Дозвола се доградува Алипашината џамијата

Незаконски се реконструира Алипашината џамија во охридската чаршија.

Наместо да се реставрира и заштити вредниот споменик на културата, како што предвидел Завод и музеј, без дозвола за градба со тешка механизација се доградува верскиот објект и пропратни објекти во дворот.

Од здружението „Совест“ бараат надлежните да ја запрат дивоградбата. -Направија неколку нови дивоградби, а во цело тоа време околината во џамијата се уништува систематски дел по дел значи се копа со багери, се фрлаат бетонски плочи и можете да замислите каква неповратна штета е направена“, вели Михајло Арнаудов од здружението „Совест“.

Клучен проблем е и висината на минарето. Проектот предвидува изградба на 32 метри високо минаре, кое ќе биде најдоминантниот објект во централното градско јадро. -Со ова ќе се измени силуетата на Охрид, сликата за Охрид, со еден збор Охрид ќе се ребрендира.

ivz bara

Што сака да се постигне е јасно, но сега и овде нема да навлегуваме во поширока експликација. Само сакаме да се слушне и знае – Охрид не го даваме“, додава Трендафилов. Под дел од џамијата изградена 16 век пронајдени се остатоци од ранохристијанска базилика, кои треба да се конзервираат. -„Под објектот постојат материјални артефакти за постоење на базилика и мозаици врз кои е изградена џамијата. Зошто во целиот проект не е вклучена реставрација и на овие културни слоеви, кои би биле презентирани за јавноста“, прашува Михаил Трендафилов Нанче претседател на здружение „Совест“. Од Завод и музеј велат побарале од Исламската верска заедница да прекине со градежните работи. Со конзерваторско решение за Алипашината џамија забрането е било какви дивоградби на споменичното добро кои го нарушуваат неговиот интегритет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *