Обединети за Македонија по повод Празникот на револуционерната борба

ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА
Деновиве пред локалните избори во Македонија, а особено после првиот круг на изборите, кој беше вистински дебакл за ДПМНЕ се случуваат многу нешта кои се вперени токму кон ДПМНЕ која до скоро многу вешто глумеше десно ориентирана партија.
Пред се кај разбрануваното членство кај кои почна ,,освестувањето,, и будењето на здравиот разум.
Во тие моменти се појавија некакви си реформатори кои според анализите од врвни политиколози, борбата за т.н. реформи не е ништо друго, освен искористување на мометот да се завземат ,,нафатираните,, фотељи во барокната палата од нивните претходници, со кои до вчера заедно го делеа колачот од сенародната пљачка врз македонскиот народ.
Во целата приказна, една од најангажираните партии која за овие локални Избори, како една од 22 коалициони партнери на СДСМ и коалцијата За Живот во Македонија, а не се вклучи нити со кандидади за градоначалници, нити пак со советници е партијата Обединети за Македонија која е малку поразлична партија од останатите, пред се што одлуката која ја донесе да биде дел од победничката коалција не претставува никакво пазарење за некакви фотељи, едноставно својата енергија ја впери во борбата за дефинитивниот пад на режимот и слободата на македонскиот граѓанин, што претставува најголемиот ќар за Македонија, после 11 годишниот молк, страв и трепет.
Пред се лидерот на партијата, г-динот Љубе Бошкоски е човек кој последнатаа декада од својот живот робуваше за Македонија, додека т.н. реформатори ги уживаа благодетите на власта, а членстовото околу него се луѓе кои директно или индиректно настрадале од режимот на претходната власт, настрадале зошто како ,,бивши,, вмровци уште пред 7-8 години сакаа да им укажат на грешките кои почнаа да ги прават, а кои грешки сега им се вратија како бумеранг и им се удрија од глава.
Ако ништо друго барем претседателот и членството кое остана доследно на партијата, не се вмешани ниту во нивните криминални зделки, ниту пак во донесувањето на нивните сулуди одлуки, закони и други прописи со кои ја уништија демократијата, го уништија судството, едноставно ја униптија Македонија.
Обединети за Македонија е вистинската реформска партија, вистинскиот насленик на ВМРО, која ја градиме како модерна европска десна партија, која е поведена од вмровската идеологија, почитувајќи ги ликот и делата на основачите и сите оние кои ги положија своите животи за независна и суверена Макединија, но одбегнувајќи го името ВМРО како предзнак на партијата, сакаме да покажеме дека ВМРО како револуцинерна организација во својата историја на дејствување ја заврши својата работа, целта на ВМРО е постигната, така што живееме во суверена и независна држава Македонија, а нашата визија е обединување на граѓаните без оглед на политичката, верската и друга припадност, со цел да изградиме едно модерно општество, со почит кон левицата и другите демократски сили во Македонија и без оглед во чии раце е власта, да бидеме заеднички столб на демократијата и заштитата на националните интереси на Македонија, економски напредок, живот за секој граѓанин, како во секоја нормална европска држава.
Еднаш за секогаш да прекине омразата, да прекинат поделбите, наспроти Обединувањето во секој поглед. Честит празник…
Пишува Владимир Каневчев, член на ИК на Обединети за Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *