Египќаните ќе освојат две Советнички места

Носителот на независната советничката листа на Египканите – Арбен Демироски Бено изјавува дека Египканите овие Локални избори ке освојат две советнички места во советот на Општина Охрид . 

Самиот факт, на собирање на потребниот број на потписи за толку краток период уште во првите 24 часа ја потврдува нашата рамноправна позиција со другите политички субјекти. Ваква масовна подршкa не добил ниту еден претходен кандидат од Египканите во изминатите години , а таквата поддршка е резултат на последните 4 години работа на една интелегентна група на млади египќани чија визија за понатамошен просперитет и интегритет на египќаните во општеството доведе до развивање на првите никулци на самосвест на египќаните, и до идејата за преземање на првите чекори за борбата за подобар живот на овој народ. Нашата листа се состои од 23 млади лица кои се дипломирани или се студенти – кои наскоро ке ги презентираме на нашата официјална презентација за која ќе бидете известени . Од вкупно 27 години , египќаните не има како второ пласирани во малите партии кои профитираа на име на нашата заедница, и како 20 то рангирани во листата на двете големи политички партии. Денеска имаме можност како никогаш до сега , обединети да гласаме за Египканец – носител на советничка листа и тоа за прв пат во советот на општина Охрид.Според нашите анализи и анкети еден советник веќе е обезбеден за место во советот на општина Охрид, сега се работи и на вториот, кој бидете сигурни дека ке го освоиме  – Арбен Демироски Бено

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *