Градските Гробишта со нова гробна парцела

По дополнувањето на постоечкиот урбанистички план на Градските Гробишта со нова гробна парцела, деновиве привршуваат и градежните активности за ставање во функција на истата. Новата гробна парцела Х5/03 се наоѓа на потегот помеѓу Ресторанот кој е во сопственост на Градски Гробишта и влезот во Градските  Гробишта и истата е идентична со гробните парцели Х5/01 и Х5/02. Висината на надоместокот за гробно место во гробно поле Х5 парцела 03 ќе биде иста со висината на надоместокот за гробно место во гробно поле Х5 парцела  01 и 02.

Гробните места во оваа гробна парцела се очекува да бидат ставени во функција со можност за продажба при потреба на граѓаните, веќе од почетокот на следната недела.

1 (3)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *