ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО ОБИКОЛКА НА ПОДМОЉЕ И ВЕЛГОШТИ

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, беше во обиколка на селата Подмоље и Велгошти, се во тек се градежните зафати за асфалтирање на повеќе делови од улиците. Во Подмоље се асфалтираат две улици со вкупна површина од 645 метри квадратни, додека во Велгошти се четири улици со вкупна површина од 880 метри квадратни. Градежните активности се очекува да завршат во текот на утрешниот ден.

Градежните зафати за асфалтирање на сите шест улички изнесуваат 1 972 000 денари, средства издвоени од буџетот на општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *