Поправени статичните велосипеди во Холандскиот парк

Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска изврши санација на статичните велосипеди
кои се лоцирани во Холандскиот парк, каде украдените и искршените педали се
заменети со нови. Овој дел од паркот заедно со уреденето катче за рекреација
ги привлекува погледите не само на нашите сограѓани , туку и на многубројните туристи
од Холандија и другите земји. Тие симболично ја поттикнуваат желбата за спорт,
рекреација и здрав живот во здрава животна средина.
Но, за жал, поединци, во недостиг на култура и почит кон јавните добра,
го уништуваат она што претставува општ интерес за сите нас. Затоа упатуваме
апел до младата популација со чувство на одговорност и сериозност да пристапат
при ракување со спортските реквизити кои се поставени да ни` служат долги години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *