Ќе се реконструира улица „Абас Емин“

Обезбедени се финасиски средства кои ќе се искористат за комплетна реконструкција на три клучни сообраќајници во градот, улиците „Абас Емин“, „Јане Сандански“ и „Јордан Мијалков“ заедно со приклучокот на улицата „Карпош Војвода“.
Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ова претставува реализација на повеќегодишните барања на жителите од овие улици.

На наше огромно задоволство, благодарение на овие средства ќе може да отпочнеме постапки за понатамошно финализирање на постапката за изградба и комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“, која што долги години е приоритет на нашите сограѓани, улицата ќе биде комплетно реконструирана со комплетна канализациона и водоводна мрежа и секако целиот оној процес на асфалтирање и обнова на тротоарите. Со овие средства ќе извршиме реконструкција и на улицата „Јане Сандански“ во целата нејзина должина со сите потребни елементи кои што тој процес ги бара и третата за која што изработуваме проект со кој што ќе аплицираме е улицата „Јордан Мијалков“ која што ќе биде комплетно завршена. Во овај момент оваа улица е само пробиена меѓутоа треба да се изведат градежни работи и да се заврши таа улица и дополнително да се поврзе со улицата „Карпош Војвода“. Анализата што општина Охрид ја направи, наиде на одобрување од страна на сите советници и сите советници се согласија дека општина Охрид треба да се вложи и да успее да ја заврши постапката со сите овие проекти.  Во однос на буџеткста можност, оваа Локална самоуправа и овој градоначалник навистина докажаа дека знаат да менаџираат со буџетот и дека правилно ги користи средствата и ова е единствената локална самоуправа која што го намалила долгот на општина Охрид. Следствено на тоа и проекциите за понатамошни задолжувања се со многу по поволни каматни стапки и со многу по поволни услови од она што општина Охрид се задолжувала во минатото, имавме задолжување на општина Охрид меѓутоа никаде не ги гледавме проектите, од една страна имавме буџетски долгови, а од друга страна граѓаните газеа по нереконструирани улици и ги немаше сите оние потребни инфраструктурни проекти. Оваа локална самоуправа го плаќа сето она што некој пред нејзе го направил, доследно онака како што сме се договориле со лицата со кои што имаме склучено спогодби, а од друга страна средствата со кои што ги задолжува веќе, се буџетски планирани и буџетот може да го издржи тоа. Грејс периодот на ова задолжување е три години. Тоа е период кога ќе се изврши дополнителна стабилизација на финансиската состојба во општина Охрид и после три години ќе може да се пристапи кон отплата на едно вакво кредитно задолжување со ниска каматна стапка која што нема да биде поголема од 5%, односно ќе биде еднаква на каматната стапка која што Министерството за финансии ја договорило со Светска банка. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *