Во понеделник и во вторник најавено е невреме во Македонија!

После пеколните горешнити кои ги имавме викендов, веќе во понеделник и во вторник во Македонија ќе настапи ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето. Територијата на Македонија ќе биде зафатена од многу влажна и исклучително нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Поради тоа во понеделник во предпладневните часови времето сеуште ќе биде сончево и многу топло.
Меѓутоа веќе во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд , грмежи и засилен ветер.
Локално процесите се очекува да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни електрични пранзења и град. Нестабилноста и врнежите ќе се задржат и во текот на ноќта кон вторник.
Во вторник речиси насекаде времето ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд , грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат доста ИНТЕНЗИВНИ и во форма на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ проследено со интензивни поројни врнежи од дожд , силни ветрови , силни електрични празнења и град.
Во понеделник максималната температура ќе се движи од 30 до 37 степени додека во вторник ќе бележи тенденција на благо опаѓање но повторно ќе биде доста топло па затоа шансите за ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ и тоа како се големи.

download

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ БРОЈ 1: Во понеделник и во вторник во случај на појава на силни електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја (КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ)!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ 2: Во овие два дена за кратко време се очекува да падне ГОЛЕМА количина на воден талог!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ БРОЈ 3: Можа е појава на локални ПОПЛАВИ!

Деталното анализирање на времето го подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ
Извир :meteo24.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *