ОХРИД НА ЧЕКОР ДА ГО ИЗГУБИ СТАТУСОТ НА “ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ” ОД УНЕСКО

На седницата на Комитетот на УНЕСКО, одржана вчера во Истанбул, Турција, за прв пат во официјален документ на светската организација е нотирано дека охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја, што е само чекор до губење на статусот на заштитено подрачје, објави еколошкото движење „Фронт 21/42, на стартот од кампањата „Едно е!Вредно е!“ за зачувување на Охридскиот регион, единственото УНЕСКО подрачје во Македонија, која официјално започна од Охрид.

“ -Најмногу нас не иритира дека во очи на донесување на оваа одлука на УНЕСКО во моментот се завршува финалната фаза за измена на планот за Галичица што подразбира изградба на експресен пат, ски центар и три туристички зони меѓу кои и таа на Субрата Рој. Токму за тие три проекти најмногу забелешки се дадени од УНЕСКО, дека ќе ја нарушат визуелноста, тој драматичен пад на Галичица кон езерото поради што е прогласена за природно наследство на УНЕСКО, а ние си продолжуваме со спроведување на овие проекти.” – изјави Александра Бујароска од невладината „Фронт 21/42“.
Таа посочи дека Македонија има рок до февруари 2017 да ги отстрани забелешките нотирани од Комитетот на УНЕСКО.Во рамки на презентацијата на кампањата, која освен во Охрид, ќе се реализира во повеќе градови низ земјата и Скопје, беа презентирани пораки од граѓани на светот кои ја имаат потпишано меѓународната петиција за заштита на Охридскиот регион.

Lake-Ohrid-Heritage

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *