ДИК – “ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ПОКРАЈ ИМИЊАТА НА ГЛАСАЧИТЕ ЌЕ СТОИ И ФОТОГРАФИЈА”

На следните избори, во избирачкиот список покрај имињата на граѓаните кои имаат избирачко право ќе стои и фотографија иста како онаа на личните карти што се наоѓаат во базата на податоци на МВР, – информираат од Државната изборна комисија.
Министерството за внатрешни работи веќе и ја испратило на Државната изборна комисија целата база со фотографии на граѓаните од личните карти, а информатичките инженери во ДИК интензивно работат на изработка на специјална апликација со фотографии од граѓаните со право на глас, која треба да биде вградена во Избирачкиот список. Апликацијата со фотографии ќе биде достапна на денот на изборите.

На денот на изборите ќе се врши проверка на фотографиите, и тоа со цел да се спречи обидот да се гласа со туѓа лична карта.
Право на глас ќе имаат само оние гласачи за кои во проверките ќе се утврди дека личната карта е нивна и чија фотографија на личната карта ќе биде идентична со таа што ќе стои на Избирачкиот список.

Фотографии ќе има на главниот Избирачки список, но и на таканеречениот потсписок, кој го договорија четирите партии во средата. Всушност, станува збор за 176.000 македонски државјани чие право на глас не е спорно, но се смета дека не се во државата.

375187-koj-nema-da-izleze-da-glasa-kje-bide-izbrishan-od-glasachki-spisok

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *